Почнува борбата за осминафинале во ЛШ – Реал сака одмазда против Мурињо!

by Стефан
1 минути читање

Вечерва со плеј-оф натпреварите почнува борбата за осминафинале во Лигата на шампионите, а на програмата се четири натпревари во два термина.

Најголемо внимание привлекува натпреварот на Бенфика и Реал Мадрид. Токму португалскиот гигант го турна„кралскиот клуб“ од директен пласман во осминафиналето, откако во последното коло од лигашката фаза славеше со убедливи 4-2 и го исфрли од Топ 8. Судбината сакаше ждрепката повторно да ги спои, па Реал добива шанса за брза одмазда против тимот предводен од Жозе Мурињо.

Натпреварот во Лисабон започнува од 21 часот, додека реваншот е закажан за следната недела во Мадрид.

Вечерната програма ќе ја отвори пресметката меѓу Галатасарај и Јувентус од 18:45 часот во Истанбул. Во терминот од 21 часот ќе се одиграат уште две средби: Борусија Дортмунд против Аталанта и француската пресметка помеѓу Монако и ПСЖ.

ПСЖ, иако актуелен европски шампион, неочекувано остана надвор од Топ 8 во лигашкиот дел и сега ќе мора преку плејоф да го бара патот кон осминафиналето.

18:45 Галатасарај – Јувентус

21:00 Бенфика – Реал Мадрид

21:00 Борусија Дортмунд – Аталанта

21:00 Монако – ПСЖ

Можно е и ова да ти се допаѓа

×