Доаѓањето на Бензема го исфрли од тимот на Ал Хилал скапиот напаѓач

by 24 фудбал
1 минути читање

Ал Хилал направи спектакуларен потег на пазарот со ангажманот на Карим Бензема, но доаѓањето на славниот напаѓач донесе проблеми за еден од фудбалерите кои претходно беа најавувани како големи адути.

Најголем губитник во новата распределба на силите е Дарвин Нуњез. Уругваецот, кој во клубот пристигна по трансфер од Ливерпул вреден 50 милиони евра, не ги оправда очекувањата и сега ќе биде тргнат од комбинација за настапи во домашното првенство.

Причината лежи во правилникот според кој секој тим може да регистрира ограничен број странци од одредена возрасна категорија, а по последните промени за Нуњез повеќе нема место на листата.

Напаѓачот сепак нема целосно да биде без минутажа, бидејќи ќе има право на настап во континенталните натпреварувања, но и таму конкуренцијата е силна и не се очекува значајна улога.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×