Спалети е хит: Бакна новинарка за да објасни дека не е задоволен од судењето (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Екипата на Јувентус вчера ремизираше против Лацио 2-2 во натпревар во кој „старата дама“ се врати по негатива од 2-0.

По овој натпревар дојде и до сцена во која тренерот Лучијано Спалети го привлече вниманието.

Се започна кога Спалети додека зборуваше со новинарката се отвори тема за модерниот фудбал и честите пенали. Тогаш стратегот на Јувентус обидувајќи се да ја објасни разликата поемѓу обичен контакт и вистински прекршок ја бакна новинарката.

„Може ли да те бакнам: И ова е контакт“, изјави Спалети кој потоа навистина ја бакна новинарката која беше збунета.

Не запре тука Спалети, па продолжи.

„Сакаш ли да те погалам? И тоа е контакт…Мораме да видиме од каква природа е тој контакт дали е само допир или удар“, продолжи Италијанецот користејќи ја необичната метафора за ги објасни критиките кон судењето за дуелот со Лацио.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×