Николов: Секогаш сакав да се вратам во Вардар, но не ми дозволуваа околностите

by Стефан
1 минути читање

Бобан Николов во овој преоден рок се врати во редовите на Вардар, а уште во својата прва изјава не крие дека главната цел до крајот на сезоната ќе биде освојувањето на двојна круна.

Николов беше дел од генерацијата на Вардар со која играше и во групната фаза од Лига Европа и сега порача дека е пресреќен што повторно добива шанса да го носи „црвено-црниот“ дрес.

„Чувството е прекрасно пак да се биде во Вардар. Условите се одлични за работа и драго ми е што се враќам. Се враќам со една цел, сите ја знаеме, тоа е двојната круна. Се надевам дека ќе ја усполниме, најважно е да сме сите здрави и да одиме чекор по чекор. Во минатото ме поврзуваа повеќе пати со Вардар и со мое враќање. Секогаш сакав да се вратам во Вардар, но некогаш околностите и клубовите не ми дозволуваа.

Било пишано сега да се вратам, се враќам со отворено срце да помогнам и да бидеме најдобри. Се наоѓаме на првото место на табелата, но тоа не смее да не залажува. Лигата е квалитетна, мора да сме максимални и сериозни на секој меч, исто како да играме од нула бодови. Имаме еден поен плус од Струга, шест од Шкендија. Не смееме од сега да размислуваме на титулата, затоа што ќе биде тешко на секој натпревар. Но, мора да ја паметиме и нашата цел и да играме со таков пристап на сите натпревари, а тоа е Вардар да биде шампион на Македонија повторно#, изјави Николов.

Во вториот дел од сезоната Вардар влегува како лидер со 42 бода, Струга има

Можно е и ова да ти се допаѓа

×