103
Колумбиската ѕвезда кој со текот на кариерата стана попознат по настапите во репрезентација отколку во клуб, има нова средина.
Родригез се договорил со Минесота Јунајтед и ќе настапува во МЛС каде оди како слободен играч.
Наскоро треба да бидат завршени формалностите и тој да го потпише договорот.
Негов последен клуб беше Леон од Мексико.
Најдобрите денови во клупскиот фудбал, Хамес ги имаше во Реал Мадрид, претходно настапуваше и за Порто и Монако, а после Реал се пресели во Баерн. Откако потпиша за Евертон неговата клупска кариера почна да се движи во надолна линија, но за репрезентацијата на Колумбија секогаш игра во голема форма.