На Бензема му требаа само 30 минути, деби гол во дресот на Ал Хилал и тоа со пета (ВИДЕО)

by bojan
1 минути читање

Карим Бензема вечерва дебитираше во дресот на Ал Хилал, напаѓачот го постигна својот гол првенец по половина час игра, атрактивно со пета ја затресе мрежата на Ал Окдод.

Минатиот месец пукна тиквата помеѓу Карим Бензема и Ал Итихад, но Французинот остана во Саудиска Арабија и потпиша за Ал Хилал.

Трансферот предизвика земјотрес, Кристијано Роналдо одби да игра, смета дека со оваа зделка, Ал Хилал добива повластен третман и е нарушена фер конкуренцијата во лигата.

И додека ЦР7 штрајкува, Карим Бензема веќе го постигна својот прв гол во белиот дрес.

Напаѓачот вечерва против Ал Окдод ја затресе мрежата по 30 минути, и тоа атрактивно со пета донесе водство за Ал Хилал од 0-1.

ФОТО: X/AlHilal Saudi Club

Можно е и ова да ти се допаѓа

×