Ваков пенал во Шпанија не е виден 100 години, Хрват направи нереални сцени (ВИДЕО)

by bojan
1 минути читање

Хрватскиот стопер, Дује Чалета Цар направи пенал за кој долго ќе се зборува, при обид да го сопре противничкиот играч, малку претера со агресивноста, па го му го повлече дресот од грб и му го навлече преку глава.

Алавес и Реал Сосиедад синоќа одиграа возбудлив натпревар во Копа дел Реј, гостите со пресврт во вториот дел стигнаа до победа од 2-3.

Но во фокусот на јавноста е потегот на Дује Чаета Цар, кој направи пенал кој во Шпанија не е виден 100 години.

Хрватскиот стопер малку претера со агресивноста и обидот да го запре Тони Мартинез, па му го повлече дресот од грб, му го навлече преку глава, и му го попречи видот, како на детска игра во училишен двор.

Судијата во прв момент не досуди ништо, но кога ја виде повторената снимка на ВАР, без размислување покажа на белата точка.

За среќа на Реал Сосиедад, голманот Ремиро го одбрани пеналот и спречи Алавес да отиде на 3-1, па во продолжението од мечот со головите на Гедеш и Оскарсон, гостите стигнаа до 2-3.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×