Кристијано Роналдо се подготвува за заминување од Саудиска Арабија, тврди португалскиот весник „Рекорд“. Веста добива дополнителна тежина ако се знае дека сопственик на „Рекорд“ е токму, Португалецот.
Португалската ѕвезда вчера ја бојкотираше гостинската средба на Ал-Наср против Ал-Ријад, која неговиот тим сепак ја доби со минимални 1:0.
Според реномираниот португалски медиум „А Бола“, Роналдо е незадоволен од начинот на кој се води клубот, а неговото незадоволство е насочено кон ПИФ, Фондот за јавни инвестиции на Саудиска Арабија, кој управува со Ал-Наср.
Especial fecho de mercado: Ronaldo pode deixar o Al Nassr, Gustavo Sá rejeita Arábia e ainda Benzema https://t.co/vxPT1UYQeF
— Record (@Record_Portugal) February 2, 2026
Дека ваквото сценарио е сериозно, индиректно беше потврдено и вчера. „Рекорд“ објави дека Роналдо во договорот има клаузула што му овозможува да го напушти Ал-Наср во јуни 2026 година, а таа опција во моментов изгледа повеќе од реална.
Истиот извор наведува дека за услугите на Роналдо веќе покажале интерес клубови од САД, но и од Европа.
Најинтересниот детал е фактот што Роналдо е мнозински сопственик на познатата португалска медиумска група „Кофина медиа“, која меѓу другото е и сопственик на спортскиот дневен весник „Рекорд“.
Со други зборови, ако некој има точни информации од таборот на Кристијано Роналдо, тогаш тоа е токму „Рекорд“.