Кристал Палас по втор пат во 30 дена ќе го собори сопствениот трансфер рекорд

by bojan
1 минути читање

Популарните „орли“ до крајот на денот ќе го комплетираат трансферот на Јорген Странд Ларсен во зделка вредна околу 48 милиони фунти (околу 55 милиони евра).

Кристал Палас на почетокот од јануари го собори сопствениот трансфер рекорд откако реши да плати околу 35 милиони фунти за ангажман на Бренан Џонсон од Тотнем.

Но Велшанецот нема долго да биде на врвот, популарните „орли“ овој зимскиот преоден рок ќе испишат нова историја.

Се очекува до крајот на денот да биде комплетиран трансферот на Јорген Странд Ларсен од Вулверхемптон во зделка вредна околу 48 милиони фунти (43 милиони загарантирани, плус додатни 5 милиони во бонуси) или околу 55 милиони евра.

Овој трансфер ќе се реализира без разлика на тоа што Жан Филип Матета нема да се пресели во Милан откако не ги помина лекарските прегледи.

Останува да се види каква ќе биде иднината на Французинот, но се говори дека прегледите покажале повреда на коленото која ќе мора да се санира со операција, а тоа ќе значи пауза од три до четири месеци.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×