Падна нов тренерски отказ во Серија А!

by Стефан
1 минути читање

Италијанскиот прволигаш Верона одлучи да направи промена на тренерската позиција, откако официјално ја прекина соработката со Паоло Занети.

Клубот преку соопштение информираше дека Занети повеќе не е шеф на стручниот штаб на првиот тим, со што стави крај на неговиот мандат кој траеше околу година ипол. Од Верона изразија благодарност до досегашниот тренер и неговите соработници за ангажманот, професионалниот пристап и посветеноста, посакувајќи им успех во идните предизвици.

Ваквата одлука дојде по серијата слаби резултати, во која Верона осум натпревари по ред не успеа да стигне до победа, а во тој период забележа дури шест порази, што сериозно ја влоши позицијата на табелата.

Додека раководството не го избере новиот тренер, клупата привремено ќе му биде доверена на предводникот на вториот тим, Паоло Самарко.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×