22
Момците на Кристијан Киву забележаа нова победа откако со 2-0 славеа на гостувањето кај Кремонезе, Интер ја продолжува одличната форма.
Фаворитот работата си ја заврши во првото полувреме кога беа постигнати двата гола.
Лаутаро Мартинез даде гол во 16. минута, а 15 минути подоцна Зиелински ги постави конечните 2-0 за Интер.
Интер има осум бодови предност пред Милан кој има меч помалку и дури девет пред актуелниот шампион Наполи.