Тензична е ситуацијата во Реал Мадрид, а во центарот на вниманието се најде Џуд Белингам. Поради неговото однесување и став на теренот, но и надвор од него медиумите пишуваат морал да интервенира еден од најискусните во тимот, голманот Тибо Куртоа.
Ваквата реакција на Куртоа доаѓа по по шокантниот пораз од Бенфика со 4:2 во Лигата на шампиони, по кој тимот на Алваро Арбелоа се доведе во ситуација да игра бараж за пласман во следната фаза.
Белингам на натпреварот повеќе пати покажуваше знаци на фрустрација, а неговиот говор на телото не остана незабележан. Според пишувањето на шпанските медиуми, Куртоа имал сериозен разговор со тренерот Арбелоа, изразувајќи загриженост за однесувањето на англискиот репрезентативец.
Куртоа не бил задоволен затоа што Белингам премногу лесно „се исклучувал“ од играта, ги занемарувал одбранбените задачи и не дава придонес на тимот кога нападот не му оди од рака.
Голманот бил јасен: не станувало збор за личен конфликт, туку за професионално прашање. Тој побарал од Арбелоа да донесе тешки, но неопходни спортски одлуки.
„Ако Белингам не работи и не се залага, мора да оди на клупата“, порачал Белгиецот, нагласувајќи дека никој не смее да се чувствува недопирлив.
Прашањата за темпераментот на Белингам не се новост. Уште претходно во Англија често пати добиваше критики за неговото однесување.