Според последните информации од островските медиуми, Челси се подготвува ова лето да му понуди на Реал Мадрид дури 150 милиони евра за Џуд Белингем.
Како што е познато, англискиот репрезентативец оваа сезона настапува значително послабо во споредба со претходните, поради што се најде на удар на навивачите на „кралскиот клуб“. Дел од јавноста во Мадрид го посочува Белингем како еден од виновниците, заедно со Винисиус, за заминувањето на Чаби Алонсо од клупата на Реал.
Шпанските медиуми пренесуваат дека на „Стемфорд Бриџ“ се подготвува трансфер со кој би бил срушен британскиот рекорд по висина на обештетување.
Да потсетиме, Белингем пристигна во Реал Мадрид во 2023 година од Борусија Дортмунд, во трансфер вреден 130 милиони евра. Во трите сезони поминати во дресот на „кралскиот клуб“ постигна вкупно 44 погодоци.
Освен Челси, сериозен интерес за услугите на Белингем покажува и Ливерпул.