Стерлинг заработи милиони без да шутне топка во Челси, па сега е подготвен да игра за ситни пари

by bojan
1 минути читање

Рахим Стерлинг е во потрага на нов клуб, а како што пренесуваат медиумите од Англија тој е подготвен да направи драстично намалување на платата за да се врати на терените.

Рахим Стерлинг овој месец го раскина договорот со Челси, напаѓачот не беше дел од плановите на „сините“ па беше изоставен од тимот.

Авантурата на „Стемфорд Бриџ“ не му се погоди на спортски план, но убаво му го наполни џебот.

Тој беше еден од најплатените во Челси, па иако не играше, секоја недела добиваше околу 325.000 фунти.

Па откако заработи милиони без да шутне топка, тој сега е подготвен да направи драстично намалување на платата за да си најде нов клуб.

Како што пренесуваат медиумите од „островото“, тој е спремен да се откаже од дури две третини од сегашните примања, па дури и да игра за неделна заработка од пет цифри.

Се шпекулира дека интерес за неговите услуги пројавуваат 7-8 клубови, дел од нив настапуваат и во Лигата на шампиони, па останува да се види каков избор ќе направи Англичанецот

Можно е и ова да ти се допаѓа

×