Синот на Малдини го промени клубот во Серија А

by Стефан
1 минути читање

Трансферот што беше најавен уште во првата недела од јануари, денеска доби и официјална потврда.

Досегашниот фудбалер на Аталанта, Даниел Малдини е нов играч на Лацио, а римскиот клуб за повремениот италијански репрезентативец плати отштета од 15 милиони евра.

Даниел е син на легендарниот Паоло Малдини, а фудбалската кариера очекувано ја започна во Милан. Во текот на развојот настапуваше како позајмен играч во Специја, Емполи и Монца, по што стана официјален член на Монца. Од таму минатата година се пресели во Аталанта, за која одигра 19 натпревари и постигна три голови.

Станува збор за крилен напаѓач, а за репрезентацијата на Италија досега ссобра шест настапи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×