Шпанската Ла Лига ја заострува борбата против аудиовизуелната измама и пиратеријата, нудејќи паричен надомест од 50 евр за секоја проверена дојава за објекти кои емитуваат натпревари без соодветна дозвола.
Од Ла Лига потсетуваат дека кафулињата, рестораните, кладилниците и другите слични локали мора да поседуваат посебен претплатнички пакет за јавно прикажување на натпреварите. Легалните преноси, како што појаснуваат од лигата, имаат јасна ознака, буква во аголот на екранот што им овозможува на навивачите лесно да препознаат дали сигналот е дозволен или не.
Доколку некој забележи дека одреден објект прикажува нерегистриран или неовластен пренос, може да испрати е-пошта до Ла Лига со фотографии или видео-снимки, по што случајот ќе биде дополнително проверен.
Воедно, од лигата информираат дека постои и посебен канал преку кој навивачите можат анонимно да пријавуваат вакви прекршоци.