97
Серхио Рамос се подготвува за целосно неочекуван настап, откако светските медиуми најавуваат дека легендарниот шпански дефанзивец ќе влезе во боксерскиот ринг.
Според најавите, Рамос ќе боксува против контроверзниот инфлуенсер Ендру Тејт на настан на „Misfits Boxing“ во Катар, планиран за летото 2026 година, а неофицијално како датум се споменува 22 август. Се очекува мечот да трае шест рунди.
Рамос е познат како љубител на боречките спортови и се подготвува со УФЦ шампионот Илија Топурија, додека Тејт зад себе има кик боксерско искуство и веќе настапуваше во боксот.
Овој дуел, доколку се реализира, сигурно ќе привлече огромно внимание од спортската јавност.