„Реал Мадрид е толку многу лош, не знам како има само бод помалку од Барселона“

by Стефан
1 минути читање

Поранешниот напаѓач на руската репрезентација, Арсенал и Зенит, Андреј Аршавин, го коментираше преземањето на Реал Мадрид од страна на Алваро Арбелоа.

Аршавин е изненаден што „кралскиот клуб“ заостанува само еден бод зад Барселона и покрај слабите игри, а како навивач на каталонскиот гигант искрено се надева на неуспех на Арбелоа.

„Ме изненадува што Барселона им бега само еден бод на табелата. Реал играше толку лошо што мислев дека ситуацијата е поинаква. Сепак, сметам дека Арбелоа и натаму е во комплицирана позиција“, изјави Аршавин, додавајќи:

„Како навивач на Барселона, се надевам дека Арбелоа нема да успее. За него клучно ќе биде да воспостави однос со фудбалерите, а не само да креира тактики. Во тоа не успеа Чаби Алонсо“, истакна Аршавин.

Чаби Алонсо доби отказ во јануари, по само половина година на клупата на Реал, каде што го предводеше тимот на 34 натпревари, остварувајќи 24 победи, четири ремија и шест порази.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×