Фудбалскиот клуб Скопје продолжува со засилувањата во зимскиот преоден рок, откако второлигашот од Автокоманда официјално го промовираше искусниот Симеон Христов како нов член на тимот.
33 годишниот фудбалер во Скопје пристигнува од Македонија ЃП и треба да донесе дополнителна сигурност и лидерство во екипата која има високи амбиции во продолжението од сезоната. Во клубот веруваат дека неговото искуство ќе биде од големо значење во борбата за врвот на табелата и евентуален пласман во Првата македонска фудбалска лига.
Христов зад себе има богата кариера и настапи за неколку реномирани македонски клубови меѓу кои Вардар, Пелистер и Македонија ЃП, а со своите квалитети важи за едно од најзвучните имиња во второлигашката конкуренција. Во Автокоманда очекуваат токму тој да биде еден од носителите на играта во вториот дел од сезоната.
Интересно е дека првите фудбалски чекори уште како младо момче Христов ги има токму во Скопје, а клубот објави и фотографија од тие денови.