23
Тринити Родман испиша историја, фудбалерката од САД стави потпис на нов договор со Вашингтон Спирит и во иднина ќе заработува преку еден милион долари годишно, со што ќе биде најплатена во светот.
Аитана Бонмати три години по ред ја освојува „Златната топка“, но таа сега е во сенка на Тринити Родман.
Ќерката на легендарниот НБА кошаркар Денис Родман, стави потпис на нов договор со Вашингтoн Спирит и ќе биде најплатена во светот кога е во прашање женскиот фудбал.
Се говори дека во иднина таа ќе заработува преку еден милион долари годишно, а како што пренесува ЕСПН, сумата може да се искачи и до 2 милиони долари со бонуси.