Неколку македонски прволигаши своите зимски подготовки решија да ги одржат во турските центри во Анталија, меѓутоа моментално не оди сè според планот.
Во Анталија паѓа силен дожд во последните неколку денови, а тоа сериозно ги отежнува условите за работа. Дури терените се потопени и не може да се тренира, ниту играат натпревари. Најавите исто така не се најдобри. Се најавува дека и во следните денови ќе продолжат обилните дождови во овој дел од Турција.
Поради тоа, натпреварите меѓу Вардар и Мотор, како и Силекс со Словачко се под сериозен знак прашалник.
Освен Вардар и Силекс, моментално во Анталија се Шкендија, Струга, Пелистер и Тиквеш. Вчера одложен беше натпреварот меѓу Партизан и Гангвон.