39
Македонскиот вицепрвак Силекс го промовира новото засилување за дефанзивниот дел од средниот ред.
Нов член на кратовчани е Мирза Демилеѓац кој доаѓа од редовите на Јединство Уб од Србија. Тој играше во Првата српска лига (втор ранг на фудбалот во оваа земја) и во првата полусезона забележа 12 настапи и даде еден гол.
Во својата кариера Делимеѓац настапуваше уште за Текстилац, Нови Пазар и Јошаница во Србија, играше во индонезиски Тампинес Роверс, бугарски Септември Софија, албански Кукс и босанските клубови Тузла Сити и Слобода Тузла.
Единствен новитет во Силекс претходно беше младиот Матеј Ѓерасов, кој дојде од Работнички.