Завршницата помеѓу Мароко и Сенегал во финалето на Африканскиот куп на Нации донесе циркуз кој ретко се гледана терените, беше досуден сомнителен пенал за домаќините во 98. минута, па гостите решија да го напуштат теренот, Садио Мане некако ги убеди своите сонародници да се вратат, а Брахим Дијаз место да донесе радост, се посрамоти за сите пари со „паненка“ право во рацете на голманот.
Овогодинешното издание на АФКОН го следат многу контроверзии и обвинувања дека домаќинот Мароко добива помош од судиите.
Сето тоа кулминираше вечерва во финалето, завршницата помеѓу Мароко и Сенегал донесе циркуз кој ретко се гледа.
Прво беше поништен гол за водство на Сенегал од 0-1, а потоа во 98. минута беше свирнат сомнителен пенал за Мароко.
Под наредба на селекторот, фудбалерите на Сенегал во знак на протест го напуштија теренот, за потоа Садио Мане некако да ги убеди соиграчите да се вратат и да го завршат мечот.
Брахим Дијаз ја презеде одговорноста, но наместо да донесе радост, се посрамоти за сите пари со „паненка“ право во рацете на голманот Менди.
Watch Brahim Diaz miss an important penalty for Morocco in the #AFCONFinal 😂😂😂
— H . I . M🛑 (@Alpha_3l) January 18, 2026
Karma is a what? Go SENEGAL!!!!
#SENMAR #MARSEN #AFCON2025 pic.twitter.com/sC1b5rhlKG