Само неколку дена
откако Пеп Гвардиола се пожали дека нема доволно пари, „Граѓаните“ избројаа 65
милиони евра за да го ангажираат талентираниот Ајмерик Лапорт.
Делегација на
Манчестер Сити денеска пристигна во Шпанија и достави чек до канцелариите на
Ла Лига со кој ја активираат откупната клаузула на Французинот.
Па Гвардиола за
18 месеци на кормилото на Етихад ја создаде најскапата одбрана во историјата
вредна преку 230 милиони евра. Во август 2016, Шпанецот го донесе Џон Стоунс за
55 милиони евра, изминатово лето искешира 57 милиони евра за Кајл Вокер и речиси исто толку и за Бенџамин
Менди, а сега избори 65 милиони евра за Ајмерик Лапорт.
Не треба да се
заборави дека Пеп изминатово лето донесе и нов голман, Сити плати 40 милиони евра
за Едерсон, па последната линија на „Граѓаните“ чини преку 270 милиони евра.
Исто така тој одвои
и 30 милиони евра за Данило како и 18 милиони евра за Клаудио Браво, а во
наследство му беа оставени и Николас Отаменди (45 милиони евра) и Елиаким
Мангала (54 милиони евра).