148
Интер го искористи киксот на Наполи ја зголеми бодовната предност пред актуелниот шампион на Италија откако со 1-0 го победи Лече.
Гостите добро се бранеа, но не се одбранија, нивниот отпор беше скршен дури во 78. минута кога Еспозито го постигна единствениот гол на мечот.
По 20 одиграни натпревари Интер има дури шест бода повеќе од Наполи кој е трет на табелата, Милан утре му гостува на Комо.