Манчестер јунајтед го назначи Керик за нов тренер, па сега ги разочара навивачите

by Стефан
1 минути читање

Мајкл Керик го презема Манчестер јунајтед, а тимот според британските медиуми нема да се засилува во овој преоден рок кога е играчкиот кадар во прашање.

Како што пишува „Сан“, Јунајтед има зацртано четири големи мети во средниот ред, но по нив ќе тргне дури во летниот трансфер-период.

Јасно е дека „црвените ѓаволи“ нема да можат да ги донесат сите четворица, но наводно ќе сторат сè што е во нивна моќ за да обезбедат најмалку две засилувања.

На листата на желби се наоѓаат Елиот Андерсон од Нотингем форест, Адам Вортон од Кристал палас, како и тандемот од Брајтон, Карлос Балеба и Алекс Скот.

Балеба беше голема желба уште минатото лето на тогашниот менаџер Рубен Аморим, а клубот очигледно ќе се обиде да го ангажира и по заминувањето на португалскиот стратег.

Очигледно е дека во иднина нема сериозно да се смета на Каземиро и Мануел Угарте. Двајцата имаат понуди од Турција и од Саудиска Арабија и речиси сигурно ќе го напуштат клубот по завршувањето на сезоната, што значи дека од август ќе гледаме целосно реконструирана средна линија на Манчестер јунајтед.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×