Прочитајте го писмото кое Мурињо му го прати на 94-годишен болен навивач

by
1 минути читање

94-годишниот Фредрик Скофилд голем на Манчестер јунајтед, се опоравува во болница по преживеан срцев удар. Неговиот внук Киран, инаку фан на Сити, му се обратил на Манчестер јунајтед и ги замолил со некаков гест да му го олеснат престојот на дедо му во болница.

Ни помалку, ни повеќе, тоа го направил Жозе Мурињо кој му го испратил следново писмо на Фредрик.

„Драг Фред, 

Дознав за вашата животна посветеност на Манчестер јунајтед. Ви пишувам само за да Ви се залбагодарам за вашата посветеност кон клубот. Ентузијазмот на навивачите на овој клуб ме фасцинира од ден во ден.

Слушнав дека сте преживеале некои тешки моменти во последно време, но се надевам дека сознанието дека јас, играчите, а особено клубот мислиме на Вас, барем малку ќе ви ја подобри ситуацијата.

Ваш, Жозе Мурињо“.

„Навистина не го очекував ова од Јунајтед, морам да признаам дека ме воодушевија. Страста за фудбалот во нашиот град е неверојатна. Некогаш не дели, но некогаш не спојува кога е најтешко“, напиша внукот на Фред на твитер. 

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани