Легендата на Манчестер Јунајтед Нани повторно беше во центарот на вниманието, откако постигна погодок и ја изведе својата препознатлива акробатска прослава во британската „Baller League“.
Поранешниот португалски репрезентативец, кој има 39 години и се пензионираше од професионалниот фудбал во декември 2024 година, покажа дека сè уште е во одлична форма.
Настапувајќи за екипата „Легенди“, Нани во ситуација еден на еден прецизно погоди во горниот агол, по што следуваше неговиот заштитен знак, салтото по гол.
Nani shows off his iconic celebration after scoring at Baller League 🤩💥 pic.twitter.com/aHPqiuXn4b
— The Sun Football ⚽ (@TheSunFootball) January 11, 2026
Интересно е дека Нани пред крајот на кариерата се поврзуваше дури и со сензационален потпис со Гостивар кој тогаш беше дел од Првата македонска фудбалска лига. Сепак, шпекулациите не се покажаа како точни и шест месеци подоцна тој објави пензија.