Рома во вториот дел го „скрши“ Сасуоло во калчото (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Рома ја продолжи добрата серија во италијанскиот шампионат и стигна до нови три бода во рамките на 20. коло од Серија А. На „Олимпико“, римскиот клуб го совлада Сасуоло со 2-0 во натпревар во кој решението за победникот падна во второто полувреме.

По изедначен прв дел без голови, избраниците на Џан Пјеро Гасперини ја засилија офанзивата по паузата, што донесе резултат во завршницата. Французинот Ману Коне ја проби одбраната на гостите во 76. минута, а само три минути подоцна Матиас Суле со прецизен удар го постави конечниот резултат.

Со оваа победа Рома стигна до 39 освоени бода и останува во трката за врвот на табелата, иако заостанува три бода зад Интер, при што има одиграно два натпревари повеќе. Во следното коло римјаните ги очекува гостување кај Торино, додека Сасуоло ќе се соочи со тежок предизвик против Наполи.

Попладневната програма од колото понуди две ремија. Комо освои бод на гостувањето кај Болоња со резултат 1-1, додека во возбудлив натпревар Удинезе и Пиза одиграа 2-2.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×