Сака во Арсенал до 2031, ќе биде најплатениот играч на Емирати

by bojan
0 минути читање

Неколку извори објавија дека Букајо Сака ставил потпис на нов договор и се обврзал кон Арсенал до 2031 година.

Букајо Сака ќе стане најплатениот фудбалер на „Емирати“, Англичанецот ја продолжи верноста со Арсенал до 2031 година, а како награда доби плата од 300.000 фунти неделно.

Неколку извори попладнево објавија дека документите се потпишани и наскоро ќе пристигне официјално соопштение.

Актуелниот договор на Букајо Сака е до јуни 2027 година, и неколку клубови внимателно ги следеа преговорите, но јасно беше дека „топчиите“ нема да си дозволат фудбалерот да го напушти клубот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×