212
Екипата на Тиквеш реши да му овозможи интернационално искуство на еден од своите млади фудбалери и го испрати на позајмица во странство.
19 годишниот Ѓоко Спасов кариерата ќе ја продолжи во Турција, каде што ќе настапува во втората лига, носејќи го дресот на Шерик Спор Футбол од Анталија. Станува збор за позајмица во месеците што следуваат, со цел младиот офанзивец да добие поголема минутажа и натпреварувачко искуство.
Спасов настапува на позицијата лево крило и во есенскиот дел од сезоната во ПМФЛ забележа пет настапи во дресот на кавадаречкиот тим.
Од Тиквеш веруваат дека оваа авантура ќе придонесе за неговиот развој и дека во иднина ќе се врати посилен и поискусен.