483
Раководството на Лацио не соработува со тренерот Маурицио Сари кога се трансферите во прашање, искусниот стратег откри дека не знае ништо за новото засилување.
Лацио го купи српскиот напаѓач Петар Ратков од Салцбург за 13 милиони евра, фудбалерот има 22 години и важи за перспективен шпиц.
Но, скандалозно е тоа што од клубот не се консултирале со Сари за трансферот на фудбалерот.
„Искрено, не го познавам Ратков и не знам речиси ништо за него. Тешко ми е да зборувам за фудбалер со кого не сум запознаен. Луѓето од клубот го донесоа и тие знаат повеќе“, изјави Сари по натпреварот против Фиорентина кој заврши 2-2.