Јувентус не блескаше, но погодуваше за три бода против Сасуоло (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

По ремито со Лече во претходното коло, Јувентус вечерва се врати на победничките патеки, славејќи убедливо со 3-0 на гостувањето кај Сасуоло.

„Старата дама“ не прикажа спектакуларна игра, но за разлика од минатиот натпревар, овојпат беше далеку поефикасна во завршницата.

Јувентус поведе во 16. минута, а во погодокот имаше и доза на среќа. По нафрлувањето на Калулу, дефанзивецот Мухаремовиќ несреќно ја погоди сопствената мрежа.

Тоа беше единствениот гол во првиот дел, а во продолжението гостите експресно го решија прашањето околу победникот. Во рок од само една минута, Јувентус постигна уште два погодоци, најпрво Мирети се запиша во листата на стрелци во 62. минута, а веднаш потоа Дејвид ги постави конечните 3-0.

Претходно денеска победа забележа и Рома која е во борба за четвртата позиција со Јувентус. „Волчицата“ го совлада Лече со 2-0.

Standings provided by Sofascore

Можно е и ова да ти се допаѓа

×