Аларм во тренинг кампот на Дортмунд: На сите им заѕвонил телефонот во 14:42

by riste
1 минути читање

За време на зимскиот тренинг камп на Борусија Дортмунд во Марбеља, Шпанија, се случи една необична ситуација.

Додека играчите и тренерскиот персонал биле на состанок на тимот, во 14:42 часот наеднаш сите мобилни во просторијата заѕвонеле. Гласното и истовремено ѕвонење на сите телефони, накратко го прекинал состанокот и предизвикал забуна кај присутните, објавува „Билд“.

Причината била официјално предупредување од шпанските власти, црвена тревога поради силниот дожд кој го погодил Коста дел Сол. Со оваа порака испратена до сите граѓани на таа територија, властите повикале на внимателност со совети да се избегнуваат непотребни патувања, да не влегуваат во поплавените подрачја и да ги следат упатствата за цивилна заштита.

Во моментот кога се вклучил алармот, тимот на Борусија Дортмунд веќе бил на безбедно, во хотелот Кимптон Лос Монтерос.

Времето во Марбеља навистина било многу лошо. И за време на утринскиот тренинг на Борусија Дортмунд имало обилен дожд кој станувал посериозен во текот на денот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×