Не станувало збор за срцев удар: Роберто Карлос откри зошто завршил на операција

by Стефан
1 минути читање

Легендарниот бразилски фудбалер Роберто Карлос (52) на самиот крај од 2025 година бил хоспитализиран во Сао Паоло поради здравствени проблеми поврзани со срцето, информација која предизвика загриженост кај фудбалската јавност ширум светот.

Поранешниот ас на Реал Мадрид престојувал на одмор во Бразил кога, поради болки во ногата, одлучил да направи рутински лекарски преглед. Прегледите покажале присуство на помало крвно згрутчување, а дополнителните анализи откриле и одредени нарушувања во срцевата функција.

Поради тоа, Карлос бил задржан во болница, каде му бил вграден катетер. Интервенцијата, која првично била планирана да трае околу 40 минути, се искомплицирала и се продолжила на речиси три часа.

По бројните шпекулации во јавноста, Роберто Карлос лично се огласи преку социјалните мрежи од болничката соба, со цел да ја појасни својата здравствена состојба и да ја смири јавноста.

„Сакам да ги разјаснам информациите што се појавија во јавноста. Неодамна, во согласност со мојот медицински тим, поминав планирана превентивна медицинска процедура. Зафатот беше успешен и се чувствувам добро. Немав срцев удар. Опертивниот зафат и опоравувањата се одвиваат добро и со нетрпение очекувам наскоро да се вратам во полна физичка форма и да ги продолжам моите професионални и приватни обврски. Искрено им се заблагодарувам на сите за пораките на поддршка и грижа“, порача Карлос.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×