Нкунку таман почна да дава голови, Милан ќе го продава?!

by bojan
1 минути читање

Неколку извори пренесуваат дека Фенербахче доставил понуда за ангажман на Кристофер Нкунку, предлогот е примамлив за Милан со оглед на тоа дека ќе ја покрие сумата која ја одвои пред неколку месеци.

„Росонерите“ минатото лето инвестираа околу 40 милиони евра сосе бонуси во ангажман на Кристофер Нкунку, но Французинот се мачи на Сан Сиро.

Во неделата против Верона тој кончено ги постигна првите два гола во дресот на Милан, и кога таман почна да покажува зошто е донесен, може да биде продаден.

Неколку извори пренесуваат дека Фенербахче сака да го купи и доставил конкретна понуда.

Извештаите велат дека предлогот е примамлив со оглед на тоа дека Милан ќе ја покрие сумата која пред само неколку месеци му ја платија на Челси.

Зад целата оваа зделка стои Доменико Тедеско, тренерот на Фенербахче соработуваше со Кристофер Нкунку во РБ Лајпциг во сезоната 2021/22, кога тој играше на највисоко ниво.

ФОТО: X/AC Milan

Можно е и ова да ти се допаѓа

×