Проблематичниот Жоао Кансело е „немирен“ и во Саудиска Арабија

by riste
0 минути читање

Жоао Кансело е познат како фудбалер со проблематичен карактер, па во кој клуб и да отидеше заминуваше неславно.

Така ќе биде и во Ал-Хилал. Наводно Симоне Инзаги не сака да го регистрира Жоао Кансело во лигата на Саудиска Арабија за вториот дел од сезоната.

Причината е однесувањето на португалскиот фудбалер кое не му се допаѓа на италијанскиот стратег.

Се очекува Кансело да замине од Ал Хилал на почетокот од јануари.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×