На свечена гала-вечер во Дубаи вечерва беа доделени престижните награди „Глобал“. За најдобар фудбалер за 2025 година беше прогласен асот на Пари Сен Жермен, Усман Дембеле.
Признанието за најдобар фудбалер на Блискиот Исток му припадна на Кристијано Роналдо, додека награди во различни категории освоија и младиот бисер Јамин Ламал, Дезире Дуе, Витиња, како и тренерот Луис Енрике.
Наградата за кам-бек на годината ја доби Пол Погба, кој успешно се врати на фудбалските терени по завршувањето на суспензијата поврзана со допинг-случајот.
Во категоријата најдобар клуб, во машка конкуренција признанието заврши кај Пари Сен Жермен, додека кај дамите најдобар беше прогласен тимот на Бар@селона. За најдобар спортски директор беше избран Луис Кампос од ПСЖ, а титулата најдобар фудбалски агент заврши кај Жорж Мендеш.
🚨🎙️Paul Pogba:
— TCR. (@TeamCRonaldo) December 28, 2025
“Cristiano you are here, thank you for inspiring all of us” pic.twitter.com/OZjQZo8zfO