Легендарниот Лотар Матеус има многу пофални зборови за Хари Кејн и играта која ја прикажува напаѓачот во дресот на Баерн Минхен.
„Баварците“ завршија одлична работа во првиот дел од сезоната и имаат плус 9 на врвот на табелата.
Хари Кејн повторно се издвојува со својот голгетерски учинок, но легендарниот Лотар Матеус смета дека придонесот на Англичанецот е многу поголем.
„Без сомнеж, најдобар играч до овој момент е Хари Кејн и не само поради тоа што е прв стрелец со 19 постигнати гола“ – вели Матеус.
„Начинот на кој се однесува на теренот и надвор од него, тој е многу поразличен од играчот кој што беше пред две години“.
„Беше донесен како голгетер кој ќе треба да го замени Роберт Левандовски, но Кејн е многу повеќе за овој тим“.
„Тој е инволвиран во секој аспект од играта, работи напорно и ги инспирира останатите“.