92
Реал Мадрид ќе
треба да ја спасува сезоната со Лигата на шампионите, а таму за противник го
има ПСЖ.
„Светците“ делуваат располежни за игра на стартот од 2018 и со леснотија ги
„мелат“ противниците.
Вечерва настрада
Дижон, на Паркот на Принцовите, ПСЖ ја наполни мрежата на гостите и славеше со
8-0.
Ди Марија беше
двоен стрелец, Кавани и Мбапе погодија по еднаш а Нејмар дури четири пати се
запиша во листата на стрелците.
За одбележување е водечкиот гол кој беше дело на Ди Марија, како и слободниот
удар на Нејмар од првиот дел и соло продорот во второто полувреме кога Бразилецот сам
тргна од половина терен против целиот тим на Дижон.