Дефанзивецот на Борусија Дортмунд, Никлас Зиле соопшти дека става крај на кариерата, помислата за нова тешка повреда го убедила дека е време за пензија и покрај тоа што има само 30 години.
Никлас Зиле летото во 2022 го напушти Баерн Минхен и се пресели во Борусија Дортмунд, дефанзивецот веруваше дека со „милонерите“ може до титулата во Бундеслигата.
Но за жал неговите предвидувања никогаш не се остварија, а повредите и прекумерната тежина (едно време беше над 110 килограми) го претворија неговиот престој на „Сигнал Идуна Парк“ во кошмар.
На средината од април месец, тој го повреди коленото, и помислат за уште една (трета) повреда на предните вкрстени лигаменти го убедила дека е време за пензија и покрај тоа што има само 30 години.
„Кога во соблекувалната на Хофенхајм докторот го направи тестот за коленото, само го погледна физиотерапевтот и одмавна со главата. Потоа и физиотерапевтот проба, но и тој не почувствува никаков отпор… Заминав под туш и плачев десет минути. Во тој момент бев убеден, „Готово, скинати се лигаментите““ – вели Никлас Зиле во подкастот „Шпилмахер“.
Деталните тестови направени следниот ден сепак покажале дека повредата не е толку сериозна, но Никлас Зиле на ум веќе имал живот како нормален човек, да може да оди на одмор кога сака и да поминува време со децата.
Тој во пензија ќе замине со пет титули во Бундеслигата, но сите освоени во дресот на Баерн Минхен, како и со трофеј од Лигата на шампиони, исто така во дресот на „баварците“.
ФОТО: X/Borussia Dortmund