Реал Мадрид завршува уште една лоша сезона, втора година по ред нема да освои трофеј, лоша атмосфера владее и во соблекувалната, „Марка“ пишува дека проблемите не се мали.
Шпанска „Марка“ пишува за проблемите на Реал Мадрид во соблекувалната.
„Шест играчи одбиваат да разговараат со Арбелоа. Нема контакт меѓу нив и тренерот“, објавува шпанскиот весник.
Не се наведуваат имињата на играчите, но сигурно е дека меѓу нив е Себаљос.
Претходно имаше информации како Себаљос рекол: „Го замолив Арбелоа повеќе да не зборува со мене“.
Арбелоа ги загуби конците во соблекувалната, исто како претходно што тоа му се случи и на Алонсо. Од тие причини Флорентино Перез посакува следниот тренер на Реал Мадрид да биде искусен стратег кој ќе има авторитет врз сите фудбалери.