Познато кој играч прв го напушта Реал оваа зима

by 24 фудбал
1 минути читање

Го споредуваа со бразилскиот Роналдо и му предвидуваа голема кариера, но престојот во Реал Мадрид не се одвиваше според очекувањата. По доаѓањето на Ендрик во редовите на „кралевите“, младиот напаѓач не доби простор да го покаже својот потенцијал и остана далеку од место во стартниот тим.

На официјалните натпревари постигна само еден гол, а ниту тренерската смена и ангажманот на Чаби Алонсо не донесоа промена во неговиот статус. Поради тоа, одлуката за разделба беше неминовна.

Веќе е договорено фудбалерот да биде првото име кое ќе го напушти Реал Мадрид во јануарскиот преоден рок. Кариерата ќе ја продолжи во француски Лион, каде ќе настапува како позајмен играч до крајот на сезоната.

Ендрик инсистирал на заминување со цел да добие поголема минутажа и континуитет, а раководството на Реал Мадрид ја прифатило неговата желба и му дало зелено светло за трансфер во клуб каде ќе има поголема улога.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×