Британската влада му даде рок од 90 дена на Роман Абрамович да ги донира милијардите од продажбата на Челси или тие ќе преземат правни чекори со цел парите да завршат кај жртвите од војната во Украина.
По воената интервенција на Русија во Украина, Роман Абрамович се најде под санкции поради неговата блискост со Владимир Путин, па тој мораше да го продаде фудбалскиот клуб Челси.
Рускиот милијардер тогаш вети дека нема да заработи ништо од оваа зделка и сите пари ќе бидат донирани на семејствата кои се погодени од конфликтот.
Роман Абрамович го продаде Челси во 2022, но парите се уште стојат „замрзнати“ на банкарска сметка.
Па Британската влада реши да реагира и да му даде рок од 90 дена да ги донира средствата (околу 2,5 милијарди фунти).
„Времето истекува за Роман Абрамович да ја исполни обврската што ја презеде при продажбата на Челси и да префрли 2,5 милијарди фунти за хуманитарни цели во Украина“ – изјави премиерот Кир Стармер.
„Оваа влада е подготвен да го спроведе тоа и преку судовите, за секој денар да стигне до оние чии животи беа разурнати од нелегалната војна на Путин“.