Реал е голем клуб, секој фудбалер на Талавера треба да си каже од кого сака дрес

by bojan
1 минути читање

Фудбалерот на Талавера, Гонзало ди Ренцо откри дека добиле допис од Реал Мадрид и барање секој играч да каже од кого сака дрес.

Третолигашот Талавера го доби „џек-потот“ во ждрепката и за противник во шеснаесетфиналето во Копа дел Реј им се падна големиот Реал Мадрид.

Па за да нема тепачка за дресовите на скапите ѕвезди на „кралевите“, бил испратен допис до Талавера и секој фудбалер да каже од кого сака дрес.

„Реал Мадрид ни испрати допис и побара секој играч да каже од кого сака дрес. Ова е голем гест“ – вели Гонзало ди Ренцо од таборот на Талавера.

Најбарани биле дресовите на Мбапе, Белингем и Куртоа.

Самиот Ди Ренцо побарал дрес од Белингем, но се надева дека ќе му се посреќи па на теренот ќе го добие и дресот на Феде Валверде.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×