Парискиот суд за работни спорови пресуди во корист на Килијан Мбапе и му нареди на ПСЖ да му исплати 61 милион евра на напаѓачот.
Килијан Мбапе и ПСЖ не се разделија под пријателски услови, напаѓачот реши на суд да си бара 55 милиони евра на име на неисплатени плати и бонуси.
Двете страни потоа влегоа во правна војна, „светците“ побараа отштета од околу 440 милиони евра поради тоа што напаѓачот го прекршил дадениот збор дека нема беспари да го напушти „Паркот на принцовите“, а самиот напаѓач возврати со нова тужба и отштета од околу 263 милиони евра.
Парискиот суд за работни спорови денеска донесе одлука, пресуди во корист на Килијан Мбапе и му нареди на ПСЖ да му исплати 61 милион евра на напаѓачот.
ФОТО: X/Paris Saint-Germain