Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Лионел Меси, денеска во Њу Делхи ја заврши својата тридневна турнеја низ Индија, која започна со хаотични сцени во Калкута.
Илјадници навивачи се собраа на стадионот во индиската престолнина за да ја видат ѕвездата на аргентинската репрезентација и Интер Мајами, а в негово друштво беа и неговите соиграчи од американскиот клуб, Луис Суарез и Родриго де Пол.
Планот за патување на Меси мораше да претрпи измени поради доцнењето на летот од Мумбаи, предизвикано од густа магла. Аргентинецот имаше исклучително исполнет распоред за време на престојот во Индија, бидејќи од саботата наутро, кога пристигна, учествуваше на низа промотивни настани во Калкута, Хајдерабад и Мумбаи.
Хаосот изби уште првиот ден, кога дел од револтираните навивачи го вандализираа стадионот во Калкута, откако не успеаја да го видат Меси, иако за билетите платија и до 133 долари. Фудбалерот беше опкружен со официјални лица и локални јавни личности за време на кратката прошетка по теренот, но набрзо беше повлечен поради безбедносни причини кога ситуацијата излезе од контрола.
Во таа ситуција бил уапсен и лицето кое било одговорно за организацијата.
„Главниот организатор веќе е приведен. Преземаме мерки за ова што се случи да не помине неказнето“, соопштија од полицијата.
За среќа останатите настани кои ги помина Агентинецот помина без инциденти.