Еден од капитените на Барселона го посети Ерусалим, бара душевен мир и психичка стабилизација (ФОТО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Капитенот на Барселона, Роналд Араухо, го искористи слободното време што го доби од клубот и отпатува во Ерусалим, каде што го посети прочуениот Ѕид на плачот. Уругвајскиот дефанзивец ја документираше посетата на својот Инстаграм профил и порача дека ова патување му носи мир и благодарност.

Араухо минува низ тежок период и затоа побара пауза од клубските обврски. Барселона го прифати неговото барање и му дозволи да биде отсутен од тимот до понатамошна одлука.

Познат е како голем верник и токму ова патување уште еднаш ја потврдува неговата духовна посветеност.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×