47
Eкипата на Детонит славеше против Скопје во одложениот натпревар од Втората лига со што беа комплетирани сите 15 кола во Втората македонска фудбалска лига.
Тимот од Радовиш рано дојде до предност и единствениот гол го потигна во 14. минута од седбата.
Херој беше Иван Галевски кој беше стрелец на погодокот. По постигнатиот гол и двете екипи имаа свои шанси, но резултатот не се промени и бодовите останаа кај домашниот состав.
Со овој триумф Детонит дојде до седмата позиција со 26 бода, додека Скопје остана на 29.