ФФМ работи на пронаѓањето на нов селектор: Македонија наскоро добива нов предводник! (ФОТО)

by Стефан
1 минути читање

Фудбалската федерација на Македонија е во потрага по наследникот на Благоја Милевски на клупата на репрезентацијата, а кратка информација за потрагата на социјалните мрежи објави првиот човек на федерацијата, Масар Омерагиќ.

Имено, на социјалните мрежи Омерагиќ објави дека со неговите најблиски соработници одржал состанок на кој се разговарало за тоа каков селектор ѝ е потребен на Македонија.

„Како Комисија за избор на нов селектор на македонската А репрезентација, денеска имавме конструктивен состанок. 
Споделивме размислувања за профилот на македонски тренер кој ќе внесе стабилност, јасна идеја и континиутет во најдобрата селекција.  Предлогот ќе биде доставен до У.О. на ФФМ најдоцна до 25 декември“, напиша Масар Омерагиќ на социјалните мрежи.

Според најавите, предлогот ќе биде доствен најдоцна до 25 декември. Во јавноста засега како најголеми фаворити важат актуелниот тренер на Вардар, Гоце Седлоски и поранешниот селектор Игор Ангелвоски кој во овој момент работи на Кипар во тимот на Етникос Ахна.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×